Што e ХАКАТОН?

Инженерство oд А до Х

БЕСТовскиот Хакатон 2025 е уникатен дводневен натпревар каде студентите можат да ги покажат своите вештини и креативност преку решавање реални проблеми. Темите опфаќаат програмирање, веб развој, вештачка интелигенција, дизајн, PR и маркетинг. Оваа година, настанот се организира во соработка со Startup Club Skopje. На овој Хакатон учесниците имаат прилика да се стекнат со бесценето практично искуство работејќи на реален проблем, да се запознаат со врвниот кадар на Startup Club Skopje со кои имаат можност за понатамошна соработка и да освојат одлични награди!

Каде и кога?

Настанот ќе се одржи во модерните простории на Startup Club Skopje на 22 и 23 февруари 2025 година. Крајниот рок за пријавување е 6 февруари 2025 година.

Која е вашата задача?

Хакатон 2025 нуди можност за работа на проект за ребрендирање и обновување на веб-страницата srekja.mk, обезбеден од партнерот Startup Club Skopje. Тимовите ќе имаат слобода да користат програмски јазици и алатки според нивниот избор, како и целосна слободна на креативност. Ментори ќе обезбедуваат поддршка и насоки за време на целиот настан.

Како да се подготвите?

Учесниците можат да се запознаат со тековната состојба на веб-страницата srekja.mk и да размислат за подобрувања. Подготовките може да вклучуваат истражување на најдобрите практики во веб развој и дизајн, како и вежбање на тимска комуникација и распределба на задачи. При подготвување, препорачано е да се изврши истражување и во сферите на PR, маркетинг, вештачка интелигенција и автоматизација.

Innovation is the ability
to see change
as an opportunity -
not a threat.


Steve Jobs
Every problem
has a solution;
it may sometimes just
need another
perspective.


Katherine Russel

Што ве очекува?

  • Два дена исполнети со иновации и креативност во Startup Club Skopje.
  • Голема забава и дружба, интересни игри за време на паузи.
  • Атмосфера исполнета со ентузијазам, амбиција и дружељубивост.
  • Поддршка од ментори, кои ќе обезбедат експертиза и совети низ секоја фаза од проектот.
  • Вредни награди за најдобрите решенија и можност за продолжена соработка со Startup Club Skopje.
  • Како ќе се врши оценувањето?

    Оценувањето ќе се врши врз основа на крајната идеја, а не завршен проект/решение. При оценувањето предвид се земаат:

  • Креативност
  • Техничка изводливост
  • Самоoдржливост
  • Применливост

  • Всушност, на крајот од се’ ќе се оценува идејата и предлогот на секој од тимовите, со тоа што предност ќе имаат тимовите со одлични презентации со цел доловување на идејата, како на пример спремен mockup за ребрендираната веб-страница.

    Што е потребно за учество?

    Тимска работа

    Настанот ќе се одржи во модерните простории на Startup Club Skopje на 22 и 23 февруари 2025 година. Крајниот рок за пријавување е 6 февруари 2025 година.

    Креативност

    Креативноста игра значајна улога во креирањето иновативни решенија. Учесниците ќе треба да применат уникатни пристапи и идеи за да ја истакнат својата работа и да одговорат на задачите поставени од партнерот.

    Технички вештини

    Програмерите, веб-развивачите, дизајнерите и експертите за бази на податоци ќе можат да придонесат со своето техничко знаење. Дури и учесниците со основни технички вештини можат да покажат напредок преку посветеност и труд.

    PR и маркетинг

    Учесниците со вештини во PR и маркетинг ќе имаат задача да ја презентираат својата работа на најдобар можен начин. Добрата комуникација и ефективната презентација може да ја зголемат вредноста на финалниот проект.

    We cannot solve our problems
    with the same thinking
    we used when we
    created them.


    Albert Einstein